Македонија реакција

ДСР: ДУИ да не ги злоупотребува Ромите

Европскиот фронт предводен од ДУИ, усвои т.н. политичка декларација која според нив била за “ етничкиот легитимитет “ што произлегол од изборите, се вели во реакцијата на партијата ДСР.

ДСР: ДУИ да не ги злоупотребува Ромите

Европскиот фронт предводен од ДУИ, усвои т.н. политичка декларација која според нив била за “ етничкиот легитимитет “ што произлегол од изборите, се вели во реакцијата на партијата ДСР.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме нивната реакција

Во неколку наврати слушаме како се повикуваат, покрај останатите етнички заедници дека и ромите не биле испочитувани.

Сакаме да укажеме на неколку работи преку оваа реакција:

1. За Европскиот фронт предводен од ДУИ, гласаа само 500-700 гласачи од општина Шуто Оризари и тоа под закани и притисоци од страна на градоначалнилот;
2. Ромите никогаш ама никогаш не биле во полоша состојба како со владеењето на оваа гарнитура на ДУИ и СДСМ;
3. Кога веќе зборуваме за легитимитет, ромите 90% ги поддржаа програмите на ДСР, ВМРО-ДПММЕ и Христијан Мицкоски како предводник на коалицијата и голем пријател на ромската заедница;

Апелираме, ромите да не се злоупотребуваат пред јавноста и меѓународната заедница за спас на токму оние политичари кои ги срушија сите позиции на институциите кои беа наменети за ромите, а оние роми политичари, кои како јаничари работеа против ромите ги замолуваме јавно да излезат и да си понесат прво морална, а потоа политичка и друга одговорност.

И на крај, за 20 години власт имаше доволно време да се помогне на ромите, доколку некој имаше желба.

И јавно прашуваме, колку роми се вработија во институциите на системот последните 5 години?!

Дали рамковниот договор важеше за ромите последните 5години или огласите си ги договаравте според “духот на некој друг рамковен” непознат за ромите.

Некако ромите последните 5години системот не ги препознаваше на огласите за вработување.

Поврзани теми

To top