Македонија Бојкотот е антимакедонски чин, велат од партијата

ДС: Граѓаните да излезат на гласање масовно за промени, за Силјановска Давкова и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

ДС: Граѓаните да излезат на гласање масовно за промени, за Силјановска Давкова и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност, да излезат на гласање, да гласаат за стабилна, силна и унитарна Македонија.

-Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата.

Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2), нагласи од ДС.

Бојкотот е антимакедонски чин и затоа повикуваме на разумно и одговорно однесување и гласање.

Најнови вести од Македонија

To top