“Жална наша Македонијо! Повеќе од еден час чекам на одговорното лице на шалтерот број 9 на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување во “Една точка за услуги” при МИОА. Јас сум број Р003, а на шалтерот упорно си стои Р002. Официјално и по мое трето прашање каде е, ми се дава одговор “Госпоѓата на пауза е, не знаеме кога ќе се врати”???!!!. Дали некој знае кој е одговорен за службеникот на овој шалтер, за да се пожалам официјално, бидејќи на QR кодот на бројчето може да дадам мислење само откога ќе ја добијам услугата? А, услугата ќе биде пружена…. до наредната објава”, жестоко реагира деканот на Правниот факултет.
Колапсот на институциите на државната власт станува очигледен факт, но она што недостасува сѐ уште е формалната потврда за тоа.