Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Дранговски: Со 50% поскапо огревно дрво од нови фирми, СДС удри врз стандардот во Демир Хисар

Долг временски период, гледаме дека од поставените функционери на СДСМ во Општина Демир Хисар, не се донесе ништо друго освен тотален хаос, бројни скандали, непотизам, криминал и свесно кршење на Законите во секоја една институција. Тотална негрижа за подигнување на економско-социјалниот статус на граѓаните, не водење на никаква грижа за било која една категорија на граѓани, изјави денеска Никола Дранговски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар.

Дранговски: Со 50% поскапо огревно дрво од нови фирми, СДС удри врз стандардот во Демир Хисар

Зголемување на цената на огревното дрво за Пензионерите во Демир Хисар, односно доведување на истата до фантастични 4500 денари наместо реалната цена од 3150 денари. Доделување на тендери на фирми основани на исти адреси, со исти контакт податоци и фирми основани истата година кога ги добиваат и најголемите дозволи за сеча и продажба на огревното дрво токму тука во нашата Подружница Бигла.

Во поглед на вработувањата во Психијатриска болница се случува невиден непотизам. Никако да дојде и до конечно решавање на долгорочниот проблем наметнат од оваа власт, односно проблемот со физичко и патролно обезбедување. А сето тоа поради фаворизирање на одредени економски оператори блиски лица до моменталното раководство. Најтрагично од се, е и донесување на незаконски одлуки за распоредувања на внатре вработени лица на места на кои работните задачи треба да ги извршува Агенција за обезбедување на имот и лица, односно поставување на некомпетентни лица кои не поседуваат Лиценца за обезбедување на имот и лица, а со тоа и загрозување на безбедноста на вработените внатре во самата институција, пациентите како и граѓаните на Општина Демир Хисар!

На овој хаос мора да се стави крај. Никогаш не било полошо, истакна Дранговски.

Најнови вести од Македонија

To top