Македонија Спасителната акција била тешка

Драматична акција за спасување на повредено лице на Водно: Со хеликоптер пренесено на Ургентен центар

ЦУК стапил во контакт и со Ургентниот центар на Државна болница во Скопје и побара прифаќање на повреденото лице коешто со хеликоптер беше пренесено и спуштено на хелиодромот на болницата.

Драматична акција за спасување на повредено лице на Водно: Со хеликоптер пренесено на Ургентен центар

ЦУК информираше дека во моментот успешно заврши спасувањето на повредено лице со скршеница на нога, во координирана интервенција на ЦУК, Итна медицинска помош, МВР, Црвен крст и други субјекти од СУК, при многу силен ветер и други отежнати услови за транспорт

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) на пладне 11:56 е добиен повик за повредено лице со скршеница на нога во пределот на Горно Водно, во близина на Милениумскиот крст.

Веднаш преку Секторот за операции и координација во ЦУК е покрената акција за спасување и транспорт на повреденото лице. ЦУК, од Спасителната екипа на Црвениот крст побарал интервенција, прво по можност со специјализирано возило за извлекување на повреденото лице. Истовремено, ЦУК, паралелно и координирано остварувал комуникација со Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, со Итната медицинска помош, со МВР, а и со ЈП за жичницата. Услови за остварување на спасителната акција биле тешки, заради силниот ветар на планината, а и заради тоа што патот од Средно Водно до Милениумскиот крст бил непрооден и тежок за било кое возило, особено на осоите во сенка.

Биле контактирани и други субјекти од Системот за управување со кризи (СУК). Направен е и напор Итната медицинска помош да стигне и преку алтернативен пат преку Сопиште и Горно Соње, но медицинската екипа се доближила на 1,5 километри до Милениумскиот Крст и јавила дека патот не дозволува понатамошно движење. Веќе ЦУК имал стапено во координација со Хеликоптерската единица на МВР за можен ангажман и тогаш ЦУК упатил барање за подигање на воздухоплов – хеликоптер, заради евакуација и транспорт на повреденото лице со скршеница на ногата.

Инаку, паралелно со координацијата со повеќето субјекти за акцијата, бил остварен и контакт од ЦУК со Јавното претпријатие за стопанисување со жичницата, за таа да биде вонредно вклучена, но добиле информација дека заради силниот ветер и автоматското сензорно контролирање не можело истата да се вклучи заради небезбедни услови за движење.

Истовремено, ЦУК стапил во контакт и со Ургентниот центар на Државна болница во Скопје и побара прифаќање на повреденото лице коешто со хеликоптер беше пренесено и спуштено на хелиодромот на болницата.

Aкцијата за спасување и транспорт на повреденото лице со скршеница на ногата кај Милениумскиот Крст на Водно успешно заврши.

To top