Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Доктор Николов: Здравствениот систем беше затекнат во маргинализирана и девастирана состојба поради неефикасно управување, младите кадри се клучни за обнова

Лошото планирање во здравството значи да немаме доволно кадри во одредени сегменти, а да имаме прекубројни кадри во други сегменти, така да се јавува дефицит, односно недостаток и на работна сила и на сила која што пружи здравствени услуги“, истакна д-р Николов.

Доктор Николов: Здравствениот систем беше затекнат во маргинализирана и девастирана состојба поради неефикасно управување, младите кадри се клучни за обнова

Во денешното издание на поткастот, „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше доктор Игор Николов, доцент на Медицинскиот факултет и лекар на Универзитетската клиника за нефрологија, како и прв човек на Комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ.

Николов се осврна на состојбата во здравствениот систем, истакнувајќи дека беше затекнат во лоша состојба поради неефикасно управување и нагласи дека приоритет ќе бидат младите кадри. Покрај тоа, тој зборуваше и за оптимизацијата на здравствениот систем, преку реформи кои имаат за цел подобрување на функционалноста на здравствениот систем.

„Се затекна еден систем кој што е маргинализиран, девастиран и кој долго време беше изложен на долгорочно, недомаќинско работење, и резултираше со лоши планови и лоши реализации. Лошото планирање во здравството значи да немаме доволно кадри во одредени сегменти, а да имаме прекубројни кадри во други сегменти, така да се јавува дефицит, односно недостаток и на работна сила и на сила која што пружи здравствени услуги“, истакна д-р Николов.

Николов истакна дека за да се подобри здравствениот систем, приоритет ќе бидат младите кадри, задржувањето на младите лекари и специјализанти, како и стимулирањето на преносот на знаење, и доколку еден дел не функционира може да го наруши целиот систем.

„Во здравството приоритет ќе бидат младите кадри, задржување на младите доктори, и специјализанти кои што практично се оние кои што треба да го движат здравствениот систем. Треба да се стимулира преносот на знаење, бидејќи знаењето е универзално тоа не е индивидуална работа која некој треба да ја поседува туку треба да го пренесува, заради тоа што здравственот систем е систем кој е поврзан, сличен на систем на врзани садови, и доколку еден дел од овој систем на врзани садови не функционира, можно е и целиот систем тешко да функционира, или да крахира“, додаде д-р Николов.

Тој додаде и дека благодарение на соработката со синдикатите, постигнат е договор за покачување на платите, со акцент на средно медицинскиот персонал и со посебни коефициенти за останатите работници.

„Во континуирана соработка и разговори со синдикатите на здравствените работници во Македонија се постигна договор за покачување на личниот доход на здравствените работници, и тоа најмногу на средно медицинскиот персонал, секако со одредени коефициенти за останатиот персонал кој што го движи системот“, изјави тој.

Докторот истакна и дека здравството моментално се оптимизира, со промени како укинување на економските директори во здравствените институции, што доведува до подобрена функционалност на системот.

„Во моментот здравството оди во правец на оптимизација и на подобрување на функционирањето, во смисла на тоа дека, во изминатиот период направени се промени како што се укинување на организациските односно економските директори во здравствените институции, и на тој начин е олеснето функционирањето на здравствените институции. Со самото тоа е подобрена функционалноста на здравствениот систем“, кажа тој.

Николов додаде дека се преземаат важни чекори вклучувајќи обновување на позитивната листа на лекови, вработување на младите лекари и мобилизирање на кадрите по договор на дело.

„Направени сè уште неколку чекори за коишто се многу важни за здравствениот систем, тука би ја набројал позитивната листа на лекови, каде што е променета после 10 годишен период, мотивирањето на младите кадри односно вработувањето на младите лекари специјализанти кои што се на приватна специјализација, и решавање на нивното прашање, и дополнително мобилизирањето на кадрите кои што биле долго време по договор на дело“, заклучи докторот.

Најнови вести од Македонија

To top