Македонија

Доктор Николов во посета на Гинекологија во Чаир- еден од бисерите на здравствениот систем во Македонија

Доктор Николов во посета на Гинекологија во Чаир- еден од бисерите на здравствениот систем во Македонија

Денес го посетивме второто најголемо родилиште во земјата – Гинекологија во Чаир. Заедно со пратеничката Емилија Ангелова и советничката во Општина Бутел Весна Додевска, оставривме пријателска средба со директорката на болницата, д-р Пранвера Изаири и нејзиниот тим. Во ова родилиште тимската работа е главната тајна на успехот, информира доктор Игор Николов.

-Се запознавме и со докторите д-р Ана-Марија Шпишиќ, специјалист гинеколог акушер, д-р Беса Нуредини Демири,началник на родилна сала, д-р Зоран Илиевски спец.гинеколог-акушер, со Орхан Османи и Ферихане Муареми. Заедно разговаравме за состојбите во болницата и унапредувањето на женското репродуктивно здравје, како и за состојбата и предизвиците со кои се соочува болницата и плановите за развој.
➡️ Во оваа болницата има 3800 раѓања, 6000 приеми, 36 000 прегледи, 500 гинеколошки интервенции и 1500 интервенции во ургентното одделение. Претставува еден од бисерите на здравствениот систем во Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top