Откако речиси три дена не работеа салите во Клиничкиот центар Мајка Тереза поради дефект на компресорот, денес хирургот д-р Игор Мерџаноски од ТОАРИЛУЦ информираше дека работат и во сабота, се со цел да ги расчистат листите на чекање.
-Салите се конечно отворени, ги расчистуваме во сабота листите на чекање, порача хирургот д-р Мерџаноски.
Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ објавија дека три дена беа затворени сите хируршки сали на Клиниката за хирургија, не се одржуваа неопходни операции за итни и животозагрожувачки пациенти.
Според партијата недозволиво е ова да се случува во терциерното здравство каде се третираат итни и неодложни состојби и за првпат ваков настан се случува во историјата на македонското здравство.