Директорот на ТОАРИЛУЦ, доктор Игор Мерџаноски денеска е избран за претседател на МАДОТ – Македонското друштво на ортопеди и трауматолози, професионално здружение на лекари специјалисти во Македонија посветени на развојот и унапредувањето на ортопедијата и трауматологијата.
-Оваа доверба претставува голема чест, но и сериозна одговорност. Во наредниот период, заедно со колегите од друштвото, ќе работиме на унапредување на стручната соработка, поддршка на научно-едукативните активности и понатамошен развој на ортопедијата и трауматологијата во Македонија, објави Мерџаноски.
Тој им се заблагодари на колегите за поддршката и укажаната доверба.