Македонија девојките се на возраст од 20 и 22 години

Доктор Јовчески за КУРИР: Две девојки повредни во пожарот кои се лекуваа на Детска хирургија се во стабилна состојба, денеска ќе бидат испишани

-Состојбата на двете девојки на возраст од 20 и 22 години е сосема стабилна. Дадов налог пациентките да се подготват за испис и сметам дека денеска ќе бидат испишани, вели доктор Јовчески за КУРИР.

Доктор Јовчески за КУРИР: Две девојки повредни во пожарот кои се лекуваа на Детска хирургија се во стабилна состојба, денеска ќе бидат испишани

Двете девојки повредени во пожарот во Кочани, кои се лекуваа на Универзитетска клиника за детска хирургија, се во стабилна состојба и денеска ќе бидат испишани.

Ова за КУРИР го потврдува директорот на Универзитетска клиника за детска хирургија, Лазо Јовчески.

-Состојбата на двете девојки на возраст од 20 и 22 години е сосема стабилна. Дадов налог пациентките да се подготват за испис и сметам дека денеска ќе бидат испишани, вели доктор Јовчески за КУРИР.

На Детска хирургија, информира Јовчески, се лекуваа вкупно 7 пациенти повредени во пожарот. На тројца од нив, уште кобната вечер им беше спасен животот и беа пратени на лекување во странство. Еден пациент беше транспортиран во Шведска, а еден во добра состојба испишан на 21 март.

Инаку, во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во ужасот во Кочани. Од нив, 12 се во клинички центар, 10 во стара Градска болница, 10 пациенти во „8-ми Септември“, а во приватните клиники 7 пациенти.

Покрај двете пациентки од Детска хирургија, денеска се испишуваат уште 10 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје.

Во странство се лекуваат 115 пациенти.

Најнови вести од Македонија

To top