Во Собранието на Северна Македонија денеска Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на државата.
Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката му се доделува на Ненад Георгиевски, а за остварување во областа на новинарството на Мијалче Иванов.