Додека Обвинителството чека да го истражи Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, за тоа како ја купи „Соравија“, тој се повлече од фирмата. „Тхор индустрис“ испрати и сооштение со кое навести дека ќе биде преземена од Texas American International Holdings Inc. и соопшти дека аквизицијата (преземањето) е „значаен потег кој сигнализира почеток на ново поглавје за Thor Industries LLC“.
„Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината“, стои во соопштението.
Код на Телма пред десетина дена објави дека во јули лани, Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како „Тхор“. Ник Мехмеди е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика „Американ инвестментс“ и е регистрирана за консултантски услуги.
„Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.
Претходно, Обвинителството кажа дека предметот е во предистрага.
„Обвинителството се обрати до МВР, каде два сектора постапуваат по обвинителска наредба. Вклучени се и Управата за финансова полиција и УЈП. Се интересираме не само за купопродажбата на ‘Соравија’, туку и дали лицето за кое се интересирате е поврзано со незаконски дејства преку Фондот за иновации, проверуваме и преку Капетанијата, Дирекцијата за заштита на конкуренцијата и Централниот депозитар“