Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денескаизврши увид во текот на работите на Коридорот 8 во близина на Гостивар, на трасата Гостивар – Букојчани, по која директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски најави дека на овој крупен инфраструктурен проект се работи интензивно.
Трајановски зборувајќи за напредокот на работите на Коридорот 8 најави дека експропријацијата на имотите низ кој треба да поминува автопатот е во тек и дека досега е завршена половината и дека остануваа околу 2.400 предмети. Тој не можеше да потврди дали рокот за изградба, бидејќи како што посочи, се работи за голем зафат и зависи од повеќе фактори, но како што нагласи се работи на тоа да биде запазен.
– До Нова година ќе ја завршиме епскпропријацијата целосно, а тоа ќе овозможи „Бехтел и Енка да работи непречено. За еден месец, расчистивме и два километри траса од дрвна маса, кој не била ни отпочната. Важно е дека работиме како тим и посветено за да се заврши овој проект, рече Трајановски.
За претседателот на Владата Христијан Мицкоски ова е значаен момент, бидејќи како што рече после две години ветувања и празни муабети денес конечно може да се види нешто коешто нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници.
– Тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сè како претседател на Владата да стане и реалност. Ние сме земја којашто за жал не излегува на море и тоа некој може да го смета како недостаток, но ние треба да сме умни и тој недостаток да го направиме во наша предност, бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10, рече Мицкоски.
Тој оцени дека изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП е направено двојно па дури тројно повеќе, споредено со две години претходно. Мицкоски посочи дека ваквата состојба произлегла и од преговорите кои со раководството на компанијата „Бехтел“ започнаа уште при неговата посета на Вашингтон, на Самитот на НАТО.
– Така што, уште еднаш сакам на сите да им се заблагодарам за учеството, за придонесот во изминативе би рекол ефективни три месеци. Тоа се луѓето пред сè во Јавното претпријатие за државни патишта коишто го координираат целиот овој процес заедно со луѓето од конзорциумот „Бехтел и Енка“ и раководствата на општините низ коишто ќе поминуваат овие коридори, потенцира премиерот.
Според министерот за транспорт и врски, Александар Николовски станува збор за исклучителен проект и прв од ваков обем по педесет години станува збор за комплетно ново решение од двете страни по три ленти вкупно шест ленти и плус помошен пат.
– Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над река Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во претселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради“-изјави министерот Николоски.
Споре него овој автопат ќе значи поврзување на главниот град на нашата држава со Охрид и Струга и патувањето ќе трае до еден час и половина.
Амбасадорката на САД Анџела Агелер, напомена станува збор за доказ од одличното партнерство меѓу САД и Северна Македонија.
– Ова е во корист на граѓаните, ќе помогне на трговијата, на инвестициите, а кога други компании, вклучително и големи американски компании ќе гледаат проекти како овој, тоа ќе биде доказот што име потребен, за да знаат дека инвестирањето има смисла, бидејќи може да напредувате, рече амбасадорката Агелер.