Македонија Скандал

Директорот на Заев, Шајновски, го злоупотребува службениот автомобил?! (ФОТО)

Според тврдењата директорот на АСО со државната шкода се паркирал и заминал на вежбање, пишува порталот.

Директорот на Заев, Шајновски, го злоупотребува службениот автомобил?! (ФОТО)

Крсте Шајноски, директорот на поранешниот премиер Зоран Заев и претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето го користи службениот автомобил за приватни цели, тврдат извори на Република.

-До нашата редакција пристигна фотографија од возилото на Шајноски, а се тврди дека тој со службена кола бил на вежбање во една приватна фитнес сала. Според тврдењата директорот на АСО со државната шкода се паркирал и заминал на вежбање, пишува порталот.

Пред две години антикорупционерите дојдоа до заклучок дека функционерите ги злоупотребуваат автомобилите кои им се дадени на располагање за работа, ги користат за приватни цели, одење по одмори, теретани и кафулиња.

-Тие тогаш до Владата испратија препорака, сите државни возила во земјава, без исклучок, да имаат обоени црвени таблички, со цел да се обесхрабрат функционерите бесрамно да трошат народни ресурси. Но до денеска не е преземено ништо во однос на препораката на ДКСК, пишува Република.

To top