Македонија историски рекорд

Димитриевска Кочоска: Во 2024 година е реализиран убедливо највисок износ на странски директни инвестиции во историјата на Македонија

Податоци од Народна банка покажуваат дека во 2024 година е реализиран убедливо највисок износ на странски дирекни инвестиции во историјата на Македонија, и првпат во историјата надминаа една милијарда евра, односно во 2024 година странските дирекни инвестици изнесуваат една милијарда и 255 милиони евра, истакна на денешната прес конференција министерката за финанси Гордана Димитриевска Кочоска.

Димитриевска Кочоска: Во 2024 година е реализиран убедливо највисок износ на странски директни инвестиции во историјата на Македонија

-Сакам да споделам во јавноста еден податок кој воедно е и потврда за нашите политики кои што ги креираме, но исто така и факт за реалните состојби. Имено, денеска објавените податоци од Народна банка покажуваат дека во 2024 година е реализиран убедливо највисок износ на странски дирекни инвестиции во историјата на Македонија, и првпат во историјата надминаа една милијарда евра, односно во 2024 година странските дирекни инвестици изнесуваат една милијарда и 255 милиони евра. Доколку направиме споредба со претходната година, бележат зголемување за повеќе од двојно. Значи, странските инвестиции за 2024 година изнесуваат една милијарда и 255 милиони евра, информираше министерката.

-Дури во споредба со досега рекордното на странски дирекни инвестиции во 2022 година, тие во 2024 се повисоки за речиси 70 проценти, притоа е значајно дека растот на странските дирекни инвестиции изразен не само во апсолутни износи, туку и како учество во БДП. Така, во однос на проектираниот БДП за 2024 година реализираните странски инвестиции изнесуваат 8,1%, што е највисок износ уште од 2007 година. За споредба, во целиот 15 годишен период од 2008 до 2023 година, странските дирекни инвестиции ниту еднаш не надмина 6% од БДП. На овој начин потврфуваме дека ја менуваме економската слика за државата која со години беше девастирана и покажуваме дека системот се менува, и има промени и работиме на враќање на довербата во системот изјави Димитриевска Кочоска.

Министерката меѓу другото изјави дека највисокиот износ на странски дирекни инвестиции е забележан во четвртиот квартал од 2024 година.

-Највисокиот износ на странски дирекни инвестиции во 2024 година се забележа во четвртиот квартал, кога изнесуват скоро 400 милони евра, односно за 73,3% повеќе во споредба со износот од претходната година, рече министерката Димитриевска Кочоска.

Во однос на видот на инвестиција, СДИ бележат рекордно високи износи кај двата вида: сопственички капитал и реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Сопственичкиот капитал и реинвестирањето на добивката во 2024 година изнесуваа 569 милиони евра, што е раст од 38,4% во однос на претходната година. Висок раст бележат и должничките инструменти, коишто ги опфаќаат средствата и обврските од и кон поврзаните претпријатија во странство, и тоа заемите на меѓусебно поврзаните субјекти, трговските кредити и аванси на меѓусебно поврзаните субјекти, како и средствата и обврските врз основа на останатите должнички инструменти на меѓусебно поврзаните субјекти. Оваа категорија е всушност и главен двигател на високиот раст на СДИ, со реализирани 686 милиони евра, износ кој е четири пати повисок во споредба со претходната година. Во најголема мера, растот кај должничките инструменти е резултат на должничките инструменти вложени од страна на странските директни инвеститори во домашните претпријатија во кои инвестирале.

-Доколку се анализира по земји, забележително е дека изворот на странски директни инвестиции во 2024 е високо диверзификуван. Најголем износ на СДИ од 256 милиони евра се реализирани од Обединетото Кралство, при што речиси сите се во форма на должнички инструменти дадени од британските директни инвеститори во домашните претпријатија во кои инвестирале. Друга земја со забележително учество е Германија, која и покрај состојбата во нејзината економија и понатаму го има интересот за инвестиции во Македонија кој е висок и изнесува 202 милиони евра. Други земји со повисоко учество на СДИ во 2024 година се Турција (137 милиони евра), Холандија (67 милиони евра), Австрија (64 милиони евра,) Грција (57 милиони евра). Гледано по дејности, најголем дел од странските инвестиции се во производството (408 милиони евра). Значително ниво на инвестиции е реализирано и во градежништвото (211 милиони евра), услугите (198 милиони евра), и кај електричната енергија (142 милиони евра). Ваквиот тренд очекуваме да продолжи и во 2025 година. Инвестициите се нашата база на која ги креираме политиките за раст на економијата, која е основата за подобрување на состојбите во земјата, вклучително и стандаредот на граѓаните. Пред нас е многу работа, затоа што она што го наследивме бара многу напори и време за да се стабилизираат состојбите. Ова се фактите што говорат и покажуваат како работиме и ние цврсто остануваме во спроведување на политиките кои сме ги ветиле и со кои сакаме да обезбедиме подобра иднина за сите, заклучи министерката Димитриевска Кочоска.

Најнови вести од Македонија

To top