Државната изборна комисија, едногласно го усвои Правилникот за определување на критериумите за надоместок на ангажираните лица во повторениот избор процес како и одлуката за исплата на надоместоците за истите лица.
На денешната 169. седница претседателот на ДИК Борис Кондарко појасни дека правилникот претставува неопходен документ за обесштетување на сите категории лица ангажирани во спроведувањето на повторените избори што се одржаа на 11 јануари 2026 година во општините Гостивар, Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Врапчиште. Станува збор за лица од стручната служба на ДИК, помошните изборни тела, Државниот завод за статистика, обучувачите на избирачките одбори, како и за ИТ‑поддршката вклучена во изборниот процес.
По утврдувањето на правилникот, Комисијата ја разгледа и ја донесе и одлуката за конкретните износи што ќе им бидат исплатени на ангажираните лица за двомесечниот период во кој биле вклучени во подготовките и спроведувањето на повторените избори. Како што беше нагласено на седницата, ваква одлука ДИК донесува по секои избори, при што овојпат станува збор за пократок ангажман и помал број лица, имајќи го предвид ограничениот опфат на повторените избори.
Во продолжение на седницата беше констатирано дека, по завршувањето на сите изборни дејствија и објавувањето на конечните резултати, ДИК има законска обврска да ги заокружи сите административни постапки поврзани со повторените избори и да достави извештај до Собранието на Република Македонија.