Со 73 гласа „ЗА” и 1 ,,воздржан”, Собранието го донесе Законот за Судски совет, објави и заменик министерот за правда Ален Деребан.
Со новиот Закон за Судски совет се уредува: Јавност и транспарентност при избор и разрешување; Јасни критериуми за избор на „истакнат правник“; Јавни расправи за избор не-судските членови; Посилна одговорност и дисциплински постапки за судиите и членовите на Советот; Образложени одлуки и утврдени рокови; Усогласување со препораките на ЕУ.
Деребан истакнува дека законот беше подготвен преку целосно транспарентен процес со експерти, јавни консултации и препораки од Европската комисија и Венецијанската комисија.
-Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет ќе биде силен гарант на владеењето на правото и довербата во судството, истанува заменик министерот.