Македонија Иднината на медијацијата во Македонија: трендови и предизвици

Деребан: Имплементацијата на актуелниот Закон за медијација покажа слабости кои мора да ги надминеме

Да ги охрабриме граѓаните, да изберат мир наместо спор, дијалог наместо конфронтација, решение наместо битка“, потенцира Деребан.

Деребан: Имплементацијата на актуелниот Закон за медијација покажа слабости кои мора да ги надминеме

„Да изградиме систем во кој судските сали ќе останат за најтешките случаи, а сите останати спорови ќе се решаваат таму каде што припаѓаат – во преговори, со посредник, со почит и емпатија!

Медијацијата не е само постапка – таа е филозофија. Процес што го поставува човекот во центарот, го заменува конфликтот со дијалог, а недовербата со разбирање“, истакана заменик министерот за правда Ален Деребан.

На денешниот настан „Иднината на медијацијата во Македонија: трендови и предизвици“, истакнав дека имплементацијата на актуелниот Закон за медијација покажа слабости кои мора да ги надминеме, објави Деребан.

„Комората на медијатори мора итно да се рестартира. Потребни ни се силни институции, а не формални тела без капацитет.

Успешната медијација не зависи од еден закон или една институција – туку од заедничка волја.

Министерството за правда, Владата и сите институции на системот се цврст партнер во овој процес. Да ги охрабриме граѓаните, да изберат мир наместо спор, дијалог наместо конфронтација, решение наместо битка“, потенцира Деребан.

⚖️🤝🏻Да изградиме систем во кој судските сали ќе останат за најтешките случаи, а сите останати спорови ќе се решаваат…

Posted by Ален Деребан on Среда, 26 ноември 2025

To top