Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња.
Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со положен правосуден испит. Има работно искуство како адвокат, беше дел од Советот на општина Струга, а сега е заменик-министер за правда во актуелната Влада.
Во интервју за КУРИР со Деребан разговаравме за низа теми од секторот правда, но го отворивме и најслаткото прашање, како му поминува слободното време со Јохан, Јаков и Стела кои имаат по 6 години.
Децата, вели, се неговата инспирација, богатство и најголем благослов.
-Одговорноста и обврските кои со себе ги носи извршувањето на јавната функција се големи меѓутоа главната и најголемата енергија, инспирација ја црпам токму од моето семејство. Дома знам дека ме чекаат трите дечиња Јохан, Јаков и Стела кои се на иста, 6-годишна возраст. Со нив секој ден е поминат во радост, смеа, игри меѓутоа и големи предизвици. Секако дека обврските ги делам со сопругата. Секој момент поминат со нив е навистина драгоцен. Без разлика што најголемиот дел од слободното време го поминувам со нив, секако дека сакам да посетувам и културни манифестации, настани, фудбалски натпревари. Тоа и природно доаѓа, како што кажавте доаѓам од Струга, од град со богата културна традиција. Тие се мојата инспирација, моето богатство, мојот благослов и тие се инспирација за се поголема и понапорна работа за подобра иднина, рече Деребан за КУРИР.
Целото интервју со Деребан за КУРИР погледнете го во продолжение: