Македонија Соопштение

Демократски сојуз: Колапс на државата и катастрофален извештај на ЕУ за Македонија

Повеќе од 18 месеци ДУИ и СДСМ ја замајуваа јавноста со уставни измени, но ЕУ покажа дека оваа власт не направи ништо за напредок на Македонија кон стандардите на ЕУ, да ја подготви државата за отворање на преговарачките кластери и за воспоставување на фундаментите за владеење на правото, велат од партијата.

Демократски сојуз: Колапс на државата и катастрофален извештај на ЕУ за Македонија

Демократскиот сојуз оценува дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е реален одраз на состојбите во државата и поради тоа што нема напредок во клучните области, владеењето на правото и борбата против корупцијата, Владата треба веднаш да поднесе оставка.

-Демократскиот сојуз долго време укажува на загрижувачките состојби со високиот степен на криминализација, партизацијата на државната администрација и лошите состојби во судскиот систем и владеењето на правото, како и на застојот во реформите во сите области, вклучително и на потребата од коренити реформи на изборните правила како основа за промени и демократизација на државата. Повеќе од 18 месеци ДУИ и СДСМ ја замајуваа јавноста со уставни измени, но ЕУ покажа дека оваа власт не направи ништо за напредок на Македонија кон стандардите на ЕУ, да ја подготви државата за отворање на преговарачките кластери и за воспоставување на фундаментите за владеење на правото, велат од партијата.

Од Демократски сојуз порачуваат:

„Со прифакање на барањата на Бугарија во Преговарачката рамка дополнитено ги блокираа евроинтеграциските процеси и ги загрозија нашите национални и стратешки интереси.

Оценките и насоките од ЕУ оваа Влада ниту може ниту сака да ги разбере, уште помалку да направи исчекор напред, поради што бараме оставка од Владата во целина и посебно одговорност од министрите за надворешни работи и за евроинтеграции.

Состојбите се критични и мора да има одговорност и промени“.

To top