Македонија изјава

Даштевска: Местото на Македонија е во Европа, но не по секоја цена

Даштевска посочи дека квалитетот на високото образование со новиот закон ќе се подобри, а во врска со влезот на Македонија во Европска Унија посочи дека местото на Македонија е во Европа но не по секоја цена.

Даштевска: Местото на Македонија е во Европа, но не по секоја цена

„Изминатата недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе шест закони со кои се намалува коефициентот на платата на функционерите, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, со тоа се докажува дека се работи на случајот. Пред една година беше зголемена минималната плата, а Република Македонија враќа долгови кои и беа останати од изминатото раководство и се трудиме да ги намалиме долговите, Владата работи на зголемување на минималната плата, на зголемување на платите на професорите, во здравството“, посочи Софиа Даштевска потпретседателка на правната комисија на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“.

Даштевска посочи дека квалитетот на високото образование со новиот закон ќе се подобри, а во врска со влезот на Македонија во Европска Унија посочи дека местото на Македонија е во Европа но не по секоја цена.

„Во изминативе две години се подобруваат работите, актуелно е изминативе две недели имаме спремен нов закон за високо образование со кој се подобрува квалитетот на високото образование. Македонија веќе долги години е во преговори за влез во Европската Унија, секако дека на Македонија и е местото во Европа но не по секоја цена, ние сакаме фер процес со исполнување на копенхашките критериуми, последниот услов не се уставните измени“, посочи Даштевска.

To top