Македонија

Професор д-р Срцева: Ги мотивираме младите доктори заеднички,тимски и побројни да ја претставуваме Македонија на медицински настани на меѓународно ниво

Денеска на Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, свое гостување во “Добриот доктор” на Сител имаше универзитетскиот професор доктор Марија Јовановски Срцева, осврнувајќи се токму на важноста за науката,образованието и следењето на најдобрите светски практики во континуираната медицинска едукација.

Професор д-р Срцева: Ги мотивираме младите доктори заеднички,тимски и побројни да ја претставуваме Македонија на медицински настани на меѓународно ниво

Денеска на Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, свое гостување во “Добриот доктор” на Сител имаше универзитетскиот професор доктор Марија Јовановски Срцева, осврнувајќи се токму на важноста за науката,образованието и следењето на најдобрите светски практики во континуираната медицинска едукација.

-Особена чест и задоволство ми претставува што токму на Денот на сесловенските просветители, како вонреден професор и дел од Универзитетот “Кирил и Методиј”сум гостин во “Добриот доктор”. Упатувам јавна честитка до Универзитетот по повод 75 години од основањето- истакна проф.д-р Срцева.

Проф. Срцева се осврна на важноста на специјалноста – анестезиологија, како една од најспецифичните специјалности во медицината, како и на напредокот во областа, следењето на медицината во чекор,учество на конреси, размената на искуства со странски научници,а исто така се осврна и на своите меѓународни искуства како предавач на интернационално ниво.

– Многу сум горда што сум предавач во Виена во организација на невладина и непрофитабилна организација во која учествуваат над 200 академски контрибутори од цел свет,каде јас сум соработник од Македонија.

Моите предавања на меѓународно ниво се во делот на анестезија и интензивно лекување,трансплантација и во делот на крварења и хемостаза.
Најпрво бев учесник и слушател неколку години, успеав да се изборам и да го добијам своето место како академски граѓанин.

Посебно сум горда што од Македонија на моја иницијатива се обучени најмалку 40 здравствени работници од васкуларна хирургија,кардиохирургија,кардиологија и анестезија.

Заедничка наша цел е да се направи и задржи мрежата на научници и клиничари од целиот свет, да се примени глобалното знаење во локални услови,да се дознае од локалните услови во глобалното сознание за одредена земја во регионот и да се направи мултидисциплинарен пристап кон третирањето на пациентите.

Нашата мисија е да ги мотивираме младите колеги и специјализантите да одат напред на сите тие конгреси и несебично ги делиме контактите со нив-посочи таа.

Проф.д-р Срцева се осврна и на симпозиумот во Србија на кој исто така беше предавач.

-Станува збор за симпозиум кој се организира заедно со Европското здружение за третман на болка, со здрружението од Англија и со здружението од Америка.

Тука присуствуваа и предавачи од многу земји ширум светот со над 800 учесници и 70 предавачи меѓу кои и јас.

Ги мотивирав и помладите колеги и специјализанти да пратат апстракти кои беа презентирани, мојата цел е заеднички и тимски да учествуваме и да сме што побројни како претставници од Македонија.

Регионалната соработка мора да се проширува, размената на искуства на меѓународно ниво е клучна.

Токму во Белград добив покана да предавам за многу ретки состојби кои се среќаваат во торакалната хирургија и во васкуларната хирургија, заклучи проф. Срцева.

Инаку, проф.д-р Срцева е специјалист анестезиолог на КАРИЛ,оддел за анестезија и реанимација во васкуларната хирургија и вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје, на катедрата за анестезија и реанимација.

To top