„❗️Превенцијата и примарната медицина ќе биде приоритет на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ
👉Д-р Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМЕ👇 Петтата академија за здравство на тема примарна и превентивна медицина се организира со цел да се добијат повеќе податоци за примарното здравство со кои ќе се креираат политики за унапредување во оваа област.
Овој пат посебен акцент ставаме на јавното здравје, превенцијата, превентивните скрининг методи и како да ги заштитиме нашите граѓани.
Денеска вклучивме експерти од овие области со предавања, а добиените информации ќе бидат потребни за понатамошното дејствување и креирање политики, особено за примарното здравство и примарната медицина.
Превенцијата и примарната медицина, матичните лекари, семејната медицина и семејните лекари ќе бидат приоритет на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
👉Д-р Гордана Ѓорчева- Камчева, радиолог во Општата болница во Кавадарци и претседател на локалната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци👇
Денешната тема е тема за примарното здравство и матичните лекари и лекарите за семејна медицина и превентивната медицина со цел изнаоѓање решенија на проблемите за на крајот да бидат задоволни и граѓаните и здравствените работници“, стои во нивниот пост на Фејсбук.