Македонија Министерство за здравство

Д-р Јован Божиновски нов директор на Клиниката за неврологија

Назначувањето следи по разрешувањето на проф. д-р Игор Кузмановски.

Д-р Јован Божиновски нов директор на Клиниката за неврологија

Д-р Јован Божиновски е именуван за нов директор на Универзитетската клиника за Нврологија, информираше денеска во изјава за медиумите министерот за здравство Азир Алиу.

По повод објавениот видео-материјал на 10 октомври со компромитирачка содржина, која според член 111, став 1, т.4 од Законот за здравствена заштита, а поврзано со предизвикување директна или индиректна штета на јавните здравствени установи, во овој случај нарушување на угледот на институцијата, поранешниот веќе директор д-р Игор Кузмановски е разрешен и денеска е назначен нов директор д-р Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, посочи министерот Алиу.

Министерството е во постојана комуникација со Лекарската комора, формирана е комисија во Министерство и побаран е инспекциски надзор од ДСЗИ, по што ќе се формира и интерна комисија за стручен надзор на Клиниката.

To top