Изминатото деноноќие пожарникарите изгаснале 13 пожари на отворено во државава. Истовремено гаснеле и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
Регионалниот ЦУК Скопје информирал за пет пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за три, РЦУК Велес за еден и Регионалниот ЦУК Штип за четири пријавени и изгаснати пожари на отворено.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.
Од ЦУК соопштија дека во последното деноноќие имало вкупно 1 809 повици на 112, од коишто „реални“ повици биле 41,35 отсто, а 58,65 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,71 отсто, кон итната медицинска помош 27,82 проценти, а кон пожарникарите 8,06 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.