Љупчо Николовски од СДС, чија кариера ја одбележа вчудовидувачката заплена на ПУТЕР, денеска соопшти дека власта наводно крати 478 милиони денари од поддршката за земјоделците.
„Кратат од субвенции за земјоделците, лозарите, оризопроизводителите, пчеларите, сточарите,“ кажа без срам и перде претставникот на СДС и екс министер за Земјоделие во чие владеење околу три години им ги доцнеше истите тие субвенции. Сега, од опозиција, диоптријата била поинаква, нејсе што за првпат по седум години, земјоделците и сточарите навреме ги добија субвенциите, на страна што им се исплатија и тие што СДС не им ги исплати.
Во изјава од рангот на „верувале или не“, Љупче алијас Путер Николовски соопшти:
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика! СДСМ е на страна на земјоделците!“
Сценаристите на Монти Пајтон веднаш пројавиле интерес за преземање на сторијата. За ова ќе се читало и во Макс Бункеровиот Алан Форд…
За потсетување: https://arhiva2.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vo-kolku-e-aplauzot-za-ljupche-za-puterot/