Денеска членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, излегоа со соопштение во јавноста, да објаснат детално, што се случува деновиве во претпријатието.
Во интерес на вистината, ние членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието, Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна. Ова однесување можеме да го поткрепиме со неколку документи.
Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец Мај, 2023-та година, дава наредба до сите вработени, да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои воедно се највисоки раководни тела во препријатието.
Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се превземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан.
Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор.
Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите, да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка.
Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила.
Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје