Македонија

ЧЕТИРИ ЛИЦА, МЕЃУ КОИ И СЕДУМГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ИЗГУБИЈА – се јавиле на 112 дека го згрешиле патот, во тек е акција за пронаоѓање и нивно извлекување

ЧЕТИРИ ЛИЦА, МЕЃУ КОИ И СЕДУМГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ИЗГУБИЈА – се јавиле на 112 дека го згрешиле патот, во тек е акција за пронаоѓање и нивно извлекување

На Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска доцна попладне е добиена пријава за четири лица, меѓу кои и едно малолетно седумгодишно дете, кои планинарејќи од село Кожле кон Велес („месност „Манастирски Мост“) го згрешиле патот и залутале на стрмно место што претставувало опасност за понатамошно нивно движење.

Од ЦУК, информираат дека Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес и дека тим од три члена од ДЗС тргнале на лице место за да ги извлечат залутаните лица со детенцето од опасниот стрм предел.

Најнови вести од Македонија

To top