Македонија

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Божиќ

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Божиќ

Претседателот на Собранието, на Република Македонија Африм Гаши по повод  празник Божик упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.

– По повод православниот Божиќ, Собранието упатува искрени честитки до сите граѓани кои го одбележуваат овој празник. Овој ден претставува можност да се истакне значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија, како темелни вредности врз кои се гради институционалната и демократската стабилност на државата, се наведува во честитката.

– Во мое лично име и во име на сите пратеници, ја изразувам желбата овој празник да донесе мир, здравје и благосостојба во вашите семејства. Нека овој период послужи како поттик за заедничка одговорност, разбирање и граѓанска соработка. Среќен Божиќ!, стои во честитката од Гаши.

Најнови вести од Македонија

To top