Македонија ЈА

Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод празникот Свети Сава

Неговото наследство продолжува да инспирира генерации и да поттикнува заемна почит и разбирање меѓу заедниците, пишува Минчев во честитката.

Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод празникот Свети Сава

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска упати честитка по повод празникот Свети Сава.

-Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми искрено да Ви го честитам празникот Свети Сава, кој претставува еден од најзначајните празници за српската заедница. Свети Сава е симбол на мудрост, духовност и обединување, а неговото дело нè потсетува на важноста од зачувување на традициите, вредностите и културниот идентитет. Неговото наследство продолжува да инспирира генерации и да поттикнува заемна почит и разбирање меѓу заедниците, пишува Минчев во честитката.

Овој празник, додава тој, нека биде повод за сплотеност, мир и заеднички напредок, градејќи општество кое се темели на мултикултурноста и взаемното почитување.

Најнови вести од Македонија

To top