Македонија Министерство за јавна администрација

Честитка од министерот Минчев по повод Меѓународниот ден на Власите – 23 Мај

Нека овој ден, додава Минчев, биде потсетник на гордото наследство што го носат, но и поттик за идни генерации да ја продолжат традицијата со достоинство и самобитност.

Честитка од министерот Минчев по повод Меѓународниот ден на Власите – 23 Мај

Во име на Министерството за јавна администрација и лично, министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод меѓународниот ден на Власите – ден посветен на зачувувањето и афирмацијата на вашата богата историја, култура и јазик.

– Власите имаат длабоки корени во нашето општество и претставуваат значаен дел од културниот мозаик на Република Македонија. Преку нивната традиција, вредности и активен придонес во сите општествени сфери, ја градиме нашата заедничка иднина во духот на меѓусебно почитување, соживот и еднаквост, се вели во честитката од министерот Минчев.

Нека овој ден, додава Минчев, биде потсетник на гордото наследство што го носат, но и поттик за идни генерации да ја продолжат традицијата со достоинство и самобитност.

Најнови вести од Македонија

To top