Македонија

Честитка од Филков до амбасадорката Агелер за Денот на независноста на САД

Честитка од Филков до амбасадорката Агелер за Денот на независноста на САД

Министерот за правда Игор Филков упати честитка до aмбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

-Благодарност за силната и континуирана поддршка за консолидирање на мирот, демократијата и стабилноста во регионот, како и за остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија. Да го негуваме и понатаму големото пријателство, заеднички да се справуваме со сериозните предизвици на денешнината и партнерски да работиме на создавање подобра иднина, мир и развој, пишува во честитката на Филков.

Министерот во неа наведува и дека односите и соработката со САД „и натаму остануваат да бидат највисок приоритет на нашата држава преку унапредување на пријателството и одржување на континуиран политички дијалог”.

Најнови вести од Македонија

To top