Македонија

„БОЖЈО ИСКУШЕНИЕ, 2023 МИ БЕШЕ НАЈТЕШКА ГОДИНА КОЈА САКАМ ДА ЈА ЗАБОРАВАМ“ – исповед на Мирко Петровски на последниот ден од старата година (ФОТО)

„БОЖЈО ИСКУШЕНИЕ, 2023 МИ БЕШЕ НАЈТЕШКА ГОДИНА КОЈА САКАМ ДА ЈА ЗАБОРАВАМ“ – исповед на Мирко Петровски на последниот ден од старата година (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите по ненадејната смрт на познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер Мирко Петровски.

Човекот кој беше и персонален тренер на многу познати личности, на последниот ден од минатата година одлучи да проговори за тешкиот период со кој се соочил.

Неговата објава од 31 декември 2023 година ви ја пренесуваме во целост.

„Мојата љубов кон спортот започна уште од 7 годишна возраст. Тоа беше спортска гимнастика и бев многу успешен. За мене е најубавиот спорт, многу тежок. Нашите тренинзи траеа некогаш и по 4-5 саати. Се започнуваше со 45 минути загревање, па главниот дел од тренингот и се завршуваше со уште 45 минути вежби за сила. Во салата Партизан 4 „Наум Наумовски Борче“ го запознав и мојот прв учител, подоцна и мојот кум Иван Лошковски кој за жал прерано не напушти.

Бев темпераментно и бесно дете. Иван ме оттргна од улицата и лошите работи за што сум му вечно благодарен. Ме научи да ги ценам вистинските вредности во животот и ми беше пример и идол како треба да биде еден маж.

* Во мојот живот имав многу тешки моменти , но и моменти на радост и успеси.
* Оваа 2023 година беше најтешката година досега во мојот живот.
* Оваа страница од мојот жовот ја читав долго. Но ја прочитав, поминав уште едно Божјо искушение. Дојде време да ја свртам и да го започнам новото подглавје во мојот живот.
* Сега повторно кога ќе ги отворам очите наутро одвај чекам да ја започнав својата дневна кардио рутина, да си спремам здрави оброци и да одам на тренинг со многу љубов и со љубов да работам со своите клиенти (пријатели) и да уживам во работата.

И за крај ќе споделам и една вистина по која се водам целиот живот, но последниве години поради Х причина ја заборавив:
* Јас сум оној кој што сум и овде ме праќа оној кој што сум. Затоа имам духовен мир! И не е беден оној кој што нема, беден е оној кој што има и сака уште многу да има!

To top