Македонија ХЕЦ Тиквеш

Божиновска: Водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега!

Ќе се занимавме и со тоа зошто ни се опустошени македонските енергетски капацитети, но јас знам дека со чесен пристап со макотрпна работа може да се промени сегашната слика и нема да се откажам, ниту јас ниту оваа влада од намерата Македонија да биде енергетски независна земја.“ истакна Божиновска.

Божиновска: Водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес ја посети хидроелектраната „Тиквеш“ за да се информира за моменталната состојба со хидропотенцијалите, техничката подготвеност и предизвиците поврзани со водостојот во земјата.

Нивото на големата вештачка акумулација во земјава, Тиквешкото езеро, останува далеку под потребното ниво. водата од езерото не е ниту до горниот праг од тунел Тисовец кој е на кота 245 м водостој на Тиквешкото езеро. Генерално состојбата е критична на ниво на цела држава.

Божиновска заедно со директорот на електраната, Звонко Бошков, и претставници на раководството на ЕСМ беше во обиколка на ХЕЦ Тиквеш. При обиколката на браната, беше јасно видливо дека нивото на водата е далеку под потребното ниво. Празниот простор некогаш исполнет со вода сега сведочи за сериозноста на ситуацијата. Министерката ја нагласи итната потреба за внимателно и одговорно менаџирање со ресурсите. Сликата која ја затекнавме испраќа јасна и ИТНА порака – енергијата не е бесконечна, истакна Божиновска.

„Ова е повик за будност. Ќе вложиме максимални напори за оптимизирање на користењето на ресурсите. Ќе се занимавме и со тоа зошто ни се опустошени македонските енергетски капацитети, но јас знам дека со чесен пристап со макотрпна работа може да се промени сегашната слика и нема да се откажам, ниту јас ниту оваа влада од намерата Македонија да биде енергетски независна земја.“ истакна Божиновска.

Тимот од хидроелектраната информираше дека освен критичната состојба со водата, стравувале и од хаварија, бидејќи доколку нивото на водата продолжи да паѓа со „влез на воздух во доводниот цевод“, може да доведе до кавитација и сериозни оштетувања на системот. Присутните истакнаа дека ова е прва посета на ресорен министер по речиси две децении, а денешниот ден им донел и поволни временските услови. Денес имало доток на вода 7 пати повеќе од претходниот период, благодарение на обилните дождови изминатото деноноќие.

„Наследив празна акумулација, со кота која е 12 метри под просечната за овој период од годината. Но денес за прв пат имаме дотоци кои по подолго време се двоцифрени. Деновиве имавме дотоци од 5 кубни метри во секунда, а само во последните 24 часа имаме дотоци од 77 кубни метри во секунда и се надеваме дека тоа ќе оди во нагорна линија и дека идното производство ќе биде во функција на зголемувањето на приходите на нашата компанија а со тоа и на подобрување на примарната и секундарната регулација која ќе овозможи постабилен енергетски систем во нашата држава“ изјави директорот на ХЕЦ Тиквеш г. Звонко Бошков.

Министерката сакаше и лично да ја види состојбата во машинската зграда која се наоѓа во подножјето на браната. ХЕЦ „Тиквеш“ произведува електрична енергија со инсталирана моќност од 113 MW и годишно производство од 144 GWh, но сега се соочува со сериозни ограничувања поради недостигот на вода.

Раководството ја информираше министерката и за идните инвестициски планови за подобрување на состојбата. Министерката изрази благодарност до тимот на ХЕЦ „Тиквеш“ за нивната посветеност во одржувањето на производството.

Работната посета на хидроелектраната „Тиквеш“ е дел од континуираните активности на Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини за зајакнување на транспарентноста, ефикасноста и долгорочната стабилност на енергетскиот сектор.

Најнови вести од Македонија

To top