Македонија

Божиновска од Вашингтон: Само со решителна борба против корупцијата, Македонија ќе се избори и за енергерска безбедност

Божиновска од Вашингтон: Само со решителна борба против корупцијата, Македонија ќе се избори и за енергерска безбедност

Mинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во рамките на работната посета на Вашингтон, на 9 септември 2024 година, оствари средба со Александар Касанов, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.

На средбата во Стејт Департмент на која присуствуваше и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити беа разменети мислења за актуелните состојби во Македонија, со акцент на состојбите во доментот на енергетиката и заложбите на Владата на Македонија за зголемување на обемот на инвестиции кои се очекува значително да ја забрзаат енергетската транзиција на земјата.

Една од клучните теми на состанокот во Вашингтон беше и борбата против корупцијата. Божиновска нагласи дека се затекнати состојби од новата Влада кои допрва треба да бидат предмет на истрага на домашните институции.

„Потребна е целосна поддршка, воспоставување на ефикасна соработка и помош на САД како наш стратешки партнер во борбата со корупцијата, особено во делот на енергетиката. Само со конкретни и решителни чекори како предуслов за целосно анулирање на криминалот, Македонија ќе се избори за енергетска безбедност и стабилен електроенергетскиот систем“ рече Божиновска, на средбата со Касанов.

Божиновска заедно со Меџити ја нагласија посветеноста на Владата за подорбување на животниот стандард на граѓаните, како и решителноста за драстично зголемување на инвестицииите во инфаструктурата и и образованието.

Касанов изразил силна американска поддршка за Западен Балкан и ја повторил нивната посветеност да помогнат на патот кон членството во ЕУ.

Најнови вести од Македонија

To top