Македонија Енергетика, рударство и минерални суровини

Божиновска на средба со јапонската амбасадорка Кавахара: Јакнење на соработката во енергетиката

Министерката Божиновска истакнала дека искуството на Јапонија во развојот на чисти технологии и енергетска ефикасност е од особено значење за Македонија во нејзиниот процес на енергетска транзиција.

Божиновска на средба со јапонската амбасадорка Кавахара: Јакнење на соработката во енергетиката

Јакнење на билатералната соработка, со фокус на одржливата енергија, еколошките технологии и инфраструктурните проекти, биле теми на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со амбасадорката на Јапонија во земјава, Сецуко Кавахара.

Како што соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Јапонија е долгогодишен партнер на Македонија и значаен поддржувач на зелени иницијативи, модернизација на енергетскиот сектор и заштита на животната средина.

Министерката Божиновска истакнала дека искуството на Јапонија во развојот на чисти технологии и енергетска ефикасност е од особено значење за Македонија во нејзиниот процес на енергетска транзиција.

-Јапонија е земја која е синоним за иновации и одржлив развој. Визијата за чиста енергија и ефикасно користење на ресурсите е нешто кон што тежнееме и во Македонија. Верувам дека преку партнерство можеме да ги зајакнеме капацитетите во обновливите извори на енергија и да воведеме напредни технологии кои ќе ја направат нашата енергетска иднина поодржлива, посочила министерката Божиновска.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Амбасадорката Кавахара ја потврдила посветеноста на Јапонија кон поддршката на проекти во Македонија кои имаат за цел енергетска ефикасност, заштита на животната средина и развој на технолошки решенија за подобра одржливост.

На средбата, како што е наведено во соопштението, била нагласена потребата од продлабочување на соработката преку нови заеднички иницијативи и програми кои ќе придонесат кон модернизација на енергетскиот сектор и создавање на почиста животна средина во Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top