Богданка Кузеска пак излезе со неточни информации во јавноста, посочува Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.
-Прво не знаеше точно кои се кадрите во управните одбори, сега излегува во јавност и зборува за наводна пресуда за мене што во реалност не постои. Ако има таква пресуда нека ја објави јавно. Но бидејќи такво нешто нема, очекувам извинување за нанесените клевети во форма и на начин како што ги објави неточните информации на прес конференција, посочи таа.