Македонија

Божиновска ќе учествува на престижниот Берлински енергетски форум

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија Н.Е. Петра Дрекслер. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција и справувањето со климатските предизвици.

Во текот на средбата, министерката Божиновска доби официјална покана која беше доставена од страна на амбасадорката Дрекслер, за учество на 11-тиот Берлински дијалог за енергетска транзиција (Berlin Energy Transition Dialogue – BETD), кој ќе се одржи на 18 и 19 март 2025 година во Берлин. Поканата е упатена од страна на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, и министерот за економија и климатска акција, Роберт Хабек.

Оваа покана има особено значење за нашата земја и претставува значајно признание за напорите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и министерката Божиновска во областа на енергетската транзиција. Министерката Божиновска ќе е единствен претставник од Република Македонија.

Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција е водечки меѓународен форум кој ги обединува високи претставници од политиката, индустријата, науката и граѓанското општество за размена на идеи и решенија за глобалната енергетска транзиција. Учеството на министерката Божиновска ќе овозможи претставување на македонските напори и достигнувања, како и создавање нови можности за соработка со меѓународни партнери

Најнови вести од Македонија

To top