Македонија Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Божиновска: 2025 – година на ред, стабилност, развој и транспарентност во енергетиката

Во текот на 2025 година, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот и рударскиот сектор.

Божиновска: 2025 – година на ред, стабилност, развој и транспарентност во енергетиката

Во текот на 2025 година, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот и рударскиот сектор.

Министерството реализираше над 250 соопштенија и информации до медиумите, одржа редовни брифинзи и отворена комуникација со новинарите и јавноста, со навремен одговор на сите релевантни прашања, обезбедувајќи јавноста континуирано да биде информирана за сите важни политики, одлуки и резултати.

Во таа насока ви ги испраќаме и следните информации.

Министерката Божиновска во текот на 2025 година оствари над 700 работни средби, состаноци и координации со домашни и меѓународни партнери, како дел од системски пристап за навремено планирање, усогласување на активности и обезбедување стабилност во секторот.

Во рамки на Министерството, по иницијатива на министерката, за прв пат беа формирани повеќе советодавни и координативни тела за клучни области, кои редовно заседаваат и даваат стручни насоки за носење одлуки од стратешко значење. Воспоставено е посебно координативно тело за навремена и сигурна координација во областа на електричната енергија, како и посебно советодавно тело за топлинска енергија, додека Советодавното тело составено од еминентни универзитетски професори активно работеше на повеќе теми од суштинско значење за стабилноста и развојот на националниот енергетски систем.

– Во услови на динамични глобални енергетски предизвици, 2025 година беше година на интензивна, теренска и стратешка работа во енергетиката и рударството. Преку засилена институционална активност, широка вклученост на стручната јавност и постојана комуникација со сите релевантни чинители, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постави јасни основи за ред, стабилност и долгорочен развој на секторот, со фокус на транспарентност, одговорно управување и активна енергетска дипломатија, нагласи министерката Божиновска.

Паралелно, Министерството оствари редовна и континуирана соработка со сите релевантни државни институции, регулаторни тела и јавни претпријатија, како и со стопанските комори, бизнис-заедницата, невладиниот сектор и стручната јавност, градејќи отворен и инклузивен модел на комуникација.

– Значаен фокус беше ставен и на енергетската дипломатија, при што Македонија повторно се позиционираше како рамноправен партнер секаде што се креира европската енергетска политика, со активно учество на регионални и европски иницијативи и форуми, истакна Божиновска.

Во текот на годината, беа реализирани и редовни теренски посети на енергетските и рударските капацитети низ државата, со цел директен увид во состојбите, навремено детектирање на предизвиците и носење одлуки базирани на реални податоци и факти.

Во продолжение дел од активностите кој беа во фокус на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

РЕД ВО ИЗГРАДБАТА НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ

За првпат е усвоен Годишен план за изградба на енергетски објекти за 2025 година, кој воведе ред и јасни приоритети. Планот ги дефинира насоките за изградба на нови објекти и зајакнување на енергетските мрежи. Овој процес е од особена важност за државата затоа што обезбедува конкретна слика за приоритетите во развојот на енергетските капацитети и овозможува стратешко насочување на инвестициите, со цел стабилно снабдување со електрична енергија и правна сигурност за инвеститорите.

Планот за 2025 опфаќа 481 енергетски објект со вкупна моќност од 1.265 MW, сите со уредна документација. Доминираат обновливите извори – над 812 MW соларни и 426 MW ветерни капацитети, како и значајни инвестиции во складирање на електрична енергија.

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Во 2025 година се исплатени околу 40 милиони денари премии за производство од фотоволтаици, а во тек е постапка за нов Закон за обновливи извори на енергија, усогласен со ЕУ директивите. Оперативен е и пазарот на гаранции за потекло, со над 122.000 издадени гаранции. Истовремено, донесени се измени на Законот за енергетска ефикасност и усвоен тригодишен план за реконструкција на јавни згради. Ќе се реновираат 14 јавни згради со вкупна корисна површина од 102.992 m², во кои функционираат 33 институции, што секојдневно ги користат повеќе од 5.000 лица. Целта е: намалени енергетски трошоци, подобрени услови за работа, помали емисии и модернизиран јавен сектор согласно европските стандарди.

НАПРЕДОК ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА

Македонија бележи значителен напредок во имплементацијата на обврските од Енергетската заедница, со раст кај пазарната интеграција (61%), сигурноста во снабдување (41%) и институционалната подготвеност (76%), што ја позиционира земјата над или блиску до регионалниот просек.

Промена на статусот на имплементација по области:

• ⚡ Пазари и пазарна интеграција:
– 2024: 54% → 2025: 61%
• �� Декарбонизација на енергетскиот сектор:

– 2024: 49% → 2025: 50%

• �� Сигурност во снабдување:
– 2024: 21% → 2025: 41%

Најнови вести од Македонија

To top