Македонија МВР

Бојмацалиев во посета на сообраќајниот пункт во Неготино: Изминативе години инвестиравме многу во подобрување на сообраќајната безбедност

Денеска (14.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, го посетија сообраќајниот пункт на излезот од Неготино, каде што полициски службеници вршат службени дејствија во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот на ова подрачје.

„Традиционално сме во Тиквешијата за време на празнувањето на Свети Трифун и денеска заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, каде што се сретнавме со полициски службеници кои вршат службени задачи на излез од Неготино, а со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Притоа, бев брифиран од страна на полициските службеници за нивните секојдневни работни обврски и за фактичката состојба на терен, при што извршивме увид во пунктот, опремата и возилата”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој потсети на инвестициите направени изминативе неколку години токму во насока на подобрување на безбедноста на сообраќајот.

„Раководството на Министерството за внатрешни работи предводено од поранешниот министер Оливер Спасовски, од 2017 година наваму инвестираше во материјално-техничко опремување на сите единици на МВР, вклучително и на единиците за сообраќајна полиција. Така, успеавме да донесеме резултати во насока на подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот, намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди со потешки последици, постигнување на повисок степен на поволна безбедносна состојба во сообраќајот на патиштата и воспоставување на поголема дисциплина кај учесниците во патниот сообраќај. Преку низа набавки на возила и опрема намeнети за сообраќајната полиција, остваривме сериозен напредок во работењето. Изминативе години целосно ги унапредивме капацитетите на сообраќајната полиција. Би потсетил дека во 2017 година беа затекнати само 8 етилометри, при што набавивме нови, па така денес имаме 144 етилометри (дрегери) за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол. Денеска МВР располага со вкупно 127 радари, а набавивме и посебни 55 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди за ноќно снимање на движење на возилата. Би потсетил дека и го заокруживме проектот за снимање со мобилни камери наменети за единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи, со вкупно 593 камери на сите Сектори за внатрешни работи како бариера против корупцијата”, рече Бојмацалиев.

To top