Македонија мвр

Бојмацалиев: Внатрешна контрола треба да утврди каде е грешката со неиздадени а готови пасоши на граѓаните

Денеска, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во одговор на новинарско прашање, за време на неговата посета на Дојран, истакна дека внатрешна контрола на МВР треба да утврди каде е грешката зошто не се издаваат веќе готовите пасоши на граѓаните.

Јас не спорам дека е зголемен бројот на пасошите кои се подготвуваат, туку спорам дека има готови пасоши кои се во управните служби и не се ставени на соодветно место и не им се дадени на граѓаните и тоа е недозволиво. Вие плаќате, МВР го изработува, експедиција го носи и кога треба да го земете некој не ги наредил дали по соодветен број или во правилна просторија или се што ќе утврди Внатрешна контрола, тоа е недозволиво”, рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев во одговор на новинарско прашање за поднесетното барање од негова страна до Внатрешната контрола на МВР за тоа зошто готовите пасоши не им се издаваат на граѓаните.

До мене стигнуваат пораки, а тоа го кажа и Народниот правобранител, дека човекот е фотографиран, пасошот е подготвен и е однесен во установатата каде треба да го подигне, но таму го нема. Значи, сега внатрешна контрола оди во одделот за персонализација каде се обработуваат пасошите и оттаму готовите документи експедицијата ги носи во управните служби. Ова појава е конкретно само за Скопје и кога граѓаните ќе отидат тој пасош да го подигнат на шалтерите им го нема. Јас тоа барам, внатрешната контрола да утврди каде е тој пасош кој е испечатен и од експедиција однесен во МТВ, зошто го нема на шалтер. Имам сознанија од вчера и се потврдени од внатрешна контрола дека се најдени пасоши кои ако требало да бидат ставени под буквата Б, се ставени под В. Тоа е еден од случаите, а натаму внатрешна контрола ќе испитува и ќе утврди зошто готовите пасоши не им се даваат на граѓаните, која е причината и каде е грешката. Ние сме сервис на граѓаните и тоа не е политиканство, јас се борам граѓаните да бидат услужени“, рече Бојмацалиев.

To top