Крајно лицемерно е СДСМ да покажува заложба за подобрување на студентскиот стандард на младите, кога истите тие ги оставија студентите со непредвидени средства за исплата за 2024 година”, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.
-ВМРО-ДПМНЕ со само 30 дена од формирање на Влада обезбедува средства за исплата на сите студенти. Буџетската дупка за исплата на субвенциониран оброк изнесува 437 милиони денари, а за стипендии непредвиделе 170 милиони денари.
Бојковска вели дека помина времето кадешто студентите ќе бидат потценувани, кога преку блиски луѓе до СДСМ се нарачуваа изјави дека не се потребни 160 денари туку 140 денари се доволно за студентскиот оброк.
,,ВМРО-ДПМНЕ ќе биде верен партнер на младите во подобрување на нивниот животен стандард. Во Буџетот за 2025 година студентите ќе имаат можност да видат суштинска, а не само декларативна заложба за студентскиот стандард. Тоа што е ветено во Платформата 1198, но и многу повеќе ќе биде остварено.” – изјави Бојковска.