На телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за актуелната тема, оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, и потенцираше дека оваа оставка е победа на граѓаните на Република Македонија.
-Јас би ја оценила оваа оставка на државниот јавен обвинител како победа на граѓаните на Република Македонија, бидејќи беше нужно потребно да се случи час поскоро, бидејќи сведочевме на период во којшто имавме голема недоверба на судството, ова нека биде првиот чекор во којшто можеме да направиме една посериозна реформа, рече Бојковска и додаде:
„Најлесно за нас ќе беше уште од почетокот на доаѓањето на власт да бидеме исти како претходната влада, кога Заев во многу брз рок го промени државниот јавен обвинител и си постави негов, тоа ќе беше најлесно за ВМРО-ДПМНЕ, но покажавме една големина и оставивме доволен простор за Коцевски да го докаже спротивното, видовме дека немаме никакви реформи, со давањето на оставката на Коцевски падна последниот бедем на СДС“.
На крај Бојковска посочи дека менувањето на државниот јавен обвинител ќе биде чекор кон создавањето на едно независно судство.
-Менувањето на овој државен јавен обвинител нека биде чекор кон создавањето на едно независно судство, постапката за новиот државен јавен обвинител ќе биде многу транспарентна, секој еден којшто ќе ги исполнува квалификациите за државен јавен обвинител ќе има можност да биде сослушан. Стојам на ставот дека час поскоро ни е потребно независно судство, а и во овие 16 месеци ние покажавме дека не должиме никому и секој еден којшто се огрешил пред законот да одговара, децидна е Бојковска.