Македонија предлог буџет

Бојковска: Ќе се гради во секој дел од Македонија рамномерно, во секоја општина и ќе допреме во секој сегмент

Дополнително за реконструкција на студентски домови рехабилитација и енергетска ефикасност на студентски домови предвиден е износ од 1,6 милијарди денари или 105 милиони денари повеќе од буџетското планирање за 2024 година“, децидна е Бојковска.

Бојковска: Ќе се гради во секој дел од Македонија рамномерно, во секоја општина и ќе допреме во секој сегмент

„Капиталните расходи се уште една важна компонента во буџетот. Тие се планирани да пораснат за 12,2% или 5,5 милијарди денари повеќе во споредба со 2024 година, со што ќе достигнат 50,5 милијарди денари. Ќе се гради во секој дел од Македонија, рамномерно, во секоја општина и ќе допреме во секој сегмент“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска на денешната собраниска комисиска расправа по предлог буџетот за 2025 година.

Таа посочи дека со распределбата на средствата по функции, буџетот става акцент и на општествено значајните области.

„Заштитата на животната средина бележи зголемување од 44,4% за управување со отпад и намалување на загадувањето, со износ од 6,4 милијарди денари. Понатаму функциите на одбраната се зголемени за 13,7%, додека средствата за јавен ред и мир се зголемени за 11,3% и достигнуваат 23,6 милијарди денари“, кажа Бојковска и додаде:

„Во здравството има планирани 57,4 милијарди денари, кои се за 4 милијарди повеќе во споредба со буџетското планирање во 2024 година. Со овој буџет повисоки плати ќе има и за здравствените работници, кои мора да ги задржиме во Македонија. Најавуваме комплетен рестарт на ресорот здравство, бидејќи 7 години имавме трул здравствен систем“, вели Бојковска.

Таа ги потенцираше и планираните буџетски средства за 2025 година кои се насочени кон младите и подобрување на нивниот животен стандард.

„Активни мерки за вработување на млади каде што се предвидени 2,3 милијарди денари за различни програми и мерки за вработување. Инфраструктурен образовен сектор со буџет за изградба на спортски сали во основни училишта кој треба да изнесува 258 милиони денари. Понатаму предвидено е да се реализираат буџетски средства за изградба и рехабилитација на основни и средни училишта во износ од 529,6 милиони денари, како и изградба на училишни спортски сали во износ од 255,9 милиони денари. Дополнително за реконструкција на студентски домови рехабилитација и енергетска ефикасност на студентски домови предвиден е износ од 1,6 милијарди денари или 105 милиони денари повеќе од буџетското планирање за 2024 година“, децидна е Бојковска.

To top