Марјан Забрчанец, познат по своите манипулативни објави, најновото преку сајтот трн.мк повторно се обиде да ги залаже граѓаните и да го девалвира дипломатскиот успех на Христијан Мицкоски вo Вашингтон.
Тој со објава на фотографија од Светскиот економски форум во Давос од пред повеќе години, снимена од ходник, се обиде да остави впечаток дека наводно СДС и Заeв биле важен учесник во меѓународните настани.
Но, реалноста е сосема поинаква. Додека Мицкоски беше дел од свечената инаугурација на Доналд Трамп во Вашингтон, со место меѓу светските лидери и официјални претставници, Забрчанец, Заeв и Филипче ја распродаваa и ја ограбуваа Македонија.
Овој очаен потег уште еднаш покажува дека за СДС е поважна илузијата од реалноста. Но, граѓаните не се лесно манипулирани – вистинскиот успех се гледа преку дела, а не преку фотографија од ходник.