Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување, а не го откажала и парите пропаднале

Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување, а не го откажала и парите пропаднале

Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување, а не го откажала и парите пропаднале, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-3000 евра народни пари се фрлени низ ветар од страна на Бисера Антоанета на 05.02.2022 година кога со службена картичка платила 3 карти за Дубаи, патување на кое не заминала.

Се поставува прашањето како е можно Министерка за култура да не знае дали може да оди на некој настан или не? Па до последно да се спрема, да плаќа и на крај воопшто да не оди.

Доколку патувањето во Дубаи било важно зошто не заминал некој друг од Министерството кој можел? Или пак станува збор за приватна прошетка на Антоанета, која не знаела каде попрво да замине па и пропаѓале карти?

Бисера Антоанета да одговори дали патот за Дубаи кој го платила 3000 евра со службена картичка, а на кој не заминала бил всушност план за приватна прошетка?

Денес продолжуваме до нови детали и нови случаи на платени авионски карти за патувања, на кои Антоанета потоа не заминала.

Најнови вести од Македонија

To top