Македонија Будва

Билатерална средба Филков-Божовиќ

Договорено е во наредниот период да се реализира официјална посета на министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ во нашата држава.

Билатерална средба Филков-Божовиќ

Министерот за правда Игор Филков во Будва оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

Министерите ги споделија искуствата и предизвиците со кои се соочуваат на патот кон Европската унија. Понудија помош и експертиза во секој домен, посебно во реформската агенда, како и меѓународна правна помош во делот на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Двете држави имаат пријателски односи и меѓу нив нема отворени прашања. Договорено е во наредниот период да се реализира официјална посета на министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ во нашата држава.

Средбата се оствари во пресрет на утрешниот Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Будва а на кој учествувува министерот за правда Игор Филков.

Најнови вести од Македонија

To top