Македонија локални избори 2025

Без проблеми течe гласањето на Избирачкото место во штипскиот Затвор

Нашето избирачко место беше отворено точно во седум часот, имаме запишано вкупно 104 избирачи. Се гласа за општините каде не е избрано градоначалник во првиот круг и градот Скопје, вели Парчаклиева.

Без проблеми течe гласањето на Избирачкото место во штипскиот Затвор

Во тек е гласањето за вториот круг од Локалните избори на избирачкото место во Затвор Штип. Право на глас имаат 104 затвореници од 23 општини, а во кои има втор круг избори за градоначалник како и за градот Скопје. Жаклина Парчаклиева, заменик член на Избирачкиот одбор во Затвор Штип вели дека поголема излезност се очекува во текот на денот.

– Нашето избирачко место беше отворено точно во седум часот, имаме запишано вкупно 104 избирачи. Се гласа за општините каде не е избрано градоначалник во првиот круг и градот Скопје, вели Парчаклиева.

Не се пријавени никакви проблеми и гласањето се одвива непречено. Во Општина Пробиштип денеска гласаат болните и немоќни лица. За вториот круг пријавени се 262 болни и немоќни, а во првиот круг гласаа 208 болни и изнемоштени лица.

Најнови вести од Македонија

To top