Потпретседателката на Собранието од движењето ЗНАМ, Весна Бендевска во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за членството на Македонија во ЕУ.
Бендевска и посака се најдобро на Албанија, и истакна разочараност што Македонија повторно извиси на патот кон ЕУ.
-На пријателска република Албанија и посакувам се најдобро. Јас сум разочарана по којзнае кој пат остануваме надвор од колосокот кон ЕУ. Реалноста мора да се согледа. Ние премногу правиме остапки. За нас важат поинакви правила, и де факто сме во билатерален спор. Сите членки досега влегле откако ги исполниле копенхашките критериуми. Јас се чувствувам како да сме дел од некој експеримент, рече Бендевска.