Македонија Локални избори 2025

Бајовски и Смоковски: Обединети за ПРОМЕНА во Чучер Сандево

Задржувањето на жителите и отворањето на нови работни места се меѓу првите приоритети што бараат системски пристап. Поддршката за локалните претприемачи, поттикнувањето на мали и средни бизниси и соработка со бизнис секторот ќе помогнат да се создадат работни места во општината и да се намали потребата за економска миграција надвор од нашиот крај.

Бајовски и Смоковски: Обединети за ПРОМЕНА во Чучер Сандево

Кандидатите за градоначалник на Чучер Сандево кои освоија скоро 60% од гласовите во првиот круг, се обраќаат до сите сограѓани со повик за единство и соработка со цел да ја постават заедницата пред партиските и етничките разлики и да се фокусираат на практични решенија што ќе донесат подобар живот за сите.

Само преку еднаква вклученост на сите жители — без разлика на нивната политичка припадност или место на живеење — може да ги задржат семејствата тука и да создадеме услови за стабилна иднина.

„Обединувањето околу конкретни проекти и јасни цели ќе донесе резултати кои сите ќе ги почувствуваме“, истакна Зоран Бајовски, кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата кој во вториот круг на локалните избори влегува со сериозна предност со постигнатиот договор за соработка со независниот кандидат Влатко Смоковски.

Задржувањето на жителите и отворањето на нови работни места се меѓу првите приоритети што бараат системски пристап. Поддршката за локалните претприемачи, поттикнувањето на мали и средни бизниси и соработка со бизнис секторот ќе помогнат да се создадат работни места во општината и да се намали потребата за економска миграција надвор од нашиот крај.

Развојот на младите е суштински дел од долгорочната визија. Инвестициите во модерното образование, стручното оспособување, спортот и културните активности, како и програмите за практична обука, ќе ги отворат вратите за можности тука, дома.

Смоковски потенцираше дека „инвестирањето во младите и инфраструктурата е воспоставување темел за долгорочна стабилност на заедницата“, стабилност која е гарантирана од кандидатот за градоначалник Бајовски.

Унапредувањето на јавните услуги и инфраструктурата има директно влијание врз квалитетот на животот на сите населби. Фокусот треба да биде на сигурна вода, редовно собирање отпад, подобрена патна и комунална мрежа, како и уредени јавни простори и зелени површини.

Вклученоста во процесите на планирање ќе ја зајакнат довербата помеѓу граѓаните и носителите на одлуки. Отворени јавни дискусии, реални консултации со жителите и јасни механизми за следење на реализираните проекти ќе обезбедат приоритетите да произлегуваат од вистинските потреби на заедницата, а не од партиски интереси.

Бајовски укажа дека „силата на заедницата е во мостовите што ги градиме заедно – а со нашиот Влатко Смоковски одлучивме иднината на Чучер Сандево да биде просперитетна и напредна! Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, организации и локални актери да се вклучат во заедничките напори за подобрување на Чучер Сандево.“

To top